Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше синоќа во полуфиналето на Завршниот мастерс во Лондон.
Тој во одлучувачкиот меч во својата група го порази Кевин Андерсон со 2-0 во сетови и на тој начин го освои првото место во групата и веројатно го избегна Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.
Инаку, Роџер има прилика на овој турнир да стигне до 100. титула во кариерата, но тој смета дека ќе биде многу тешко се додека Ѓоковиќ е активен во ждребот.
„Задоволен сум што имам уште една седмица. Не изгледаше така пред 72 часа, меѓутоа успеав да се вратам и да направам пресврт во ситуацијата. Не размислувам за 100. титула во кариерата, не сакам тоа да ме деконцетрира. Се додека е Новак во турнирот, далеку е 100. титула“, рече Федерер после мечот и додаде:
„Не знам сеуште кој ќе ми биде нареден ривал, можеби тоа ќе биде и Нова, но се сомневам. Ќе биде тешко во завршницата, но среќен сум што имам прилика да се борам за уште една титула“.