До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Репрезентацијата на Белгија во оваа недела го продолжува својот пат во квалификациите за СП со натпреварот против Естонија.
Избраниците на Роберто Мартинез во минатиот месец славеа против БиХ со високи 4:0, а наредниот меч од квалификациите го играат во наредната недела ротив Естонија.
Пред тоа Белгија ги очекува пријателски меч против Холандија, а овој натпревар ќе го пропушти Маруан Фелаини.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед се здоби со повреда во неделата во мечот против Свонси, и нема да биде спремен за натпреварот за Белгија.
За Мартинез тоа не треба да биде проблем со оглед дека во тимот се враќа Муса Дембеле.
„Фелаини сигурно нема да игра во наредниот натпревар бидејќи на собирот стигна со лесна поврда. Постои можност да го замени Муса Дембеле кој конечно се опорави од повредата. Ќе видиме што ќе биде до Естонија“, рече Мартинез.














