Фенербахче го доби дербито – Шест коша на Перо Антиќ против Барселона


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Фенербахче во второто коло од Евролигата славеше во дерби натпреварот против Барселона со 72:73.

    Одлично беше отворен натпреварот. На стартот многу постигнати кошеви. Гостите од Турција на полувреме заминаа со предност од 4 поени, 36:40. Во третиот дел кошаркарите на Барселона по долго време стигнаа до водство. Фенербахче во последните 10 минути од натпреварот влезе со 2 поени предност, 51:53. На два пати во последната четвртина предноста на кошаркарите на Фенербахче стигна до 9 поени. На минута до крајот на натпреварот Рајс погоди тројка, а Везенков 2/2 од слободни фрлања и го направија неизвесен натпреварот, 72:73. До крајот на натпреварот не се промени резултатот, 72:73 а Фенербахче ја запиша втората победа по ред.

    Боби Диксон и Костас Слукас беа најефикасни кај Фенербахче со по 15 поени. Богдан Богдановиќ постигна 12, а двоцифрен беше и Екпе Јудо (10). Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ постигна 6 поени. Тајрис Рајс кај Барселона беше најефикасен со 19 поени.