Фени Индустри со стотка го испрати Охрид


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Фени Индустри славеа со 100:64 против Охрид во натпревар од второто коло од македонската кошаркарска прва лига.

    Одличен старт имаа кавадарчани и првата четвртина ја добија со 32:19. Кошаркарите на Фени продолжија со одличната игра и во второто полувреме, а на полувреме заминаа со предност од 54:36. Третата четвртина не донесе ништо ниво, само зголемување на водството на Фени на 77:52 пред последните десет минути од натпреварот. Во последната четвртина охриѓани постигнаа само 12 поени. Со погодокот на Милков девет секунди пред крајот на натпреварот Фени стигна до 100 поени на денешниот натпревар. Фени славеше со 100:64 за втора победа во два натпревари.

     

    Николовски со 23 поени го предводеше Фени до големата победа. Магдевски, Пајиќ и Петровски додадоа по 16 поени. Стајиќ постигна 12, а Шарабидзе 10 поени. Кај Охрид, Михајловски беше најефикасен со 25 поени. Двоцфирен кај Охрид беше Младеновиќ кој постигна 11 поени.

    Фени во третото коло ќе гостува во Битола против Пелистер, а Охрид на домашен паркет ќе го пречека Куманово.