До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Познатиот италијански агент Мино Раиола секогаш има нешто интересно да ви каже во текот на интервју.
Новинарите често ги интересира некои детали од трансферите на најпознатите фудбалери како што се Пол Погба или Златан Ибрахимовиќ.
Овој пат Раиола зборуваше за тоа како Погба на летото 2012 година не сакаше да го продолжи договорот со Јунајтед, а на крајот на еден од неговите разговори со Фергусон, легендарниот тренер му рече дека е *ичка.
Раиола порача дека Погба во една простирија рече пред Раиола дека нема да потпише договор со Јунајтед по условите кои му ги понудија, а Фергусон после тоа рече на Раиола „ти си *ичка“.
Италијанскиот агент врати па порача на Фергусон дека да има две чивави и со ниту една нема да потпише таков договор.
Да потсетиме дека Погба на крајот заврши во Јувентус, но во ова лето за рекордна сума се врати на Олд Трафорд.















