ФИБА од октомври со ново правило се доближува до НБА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Заклучно со 1 октомври 2017 година, ФИБА ќе направи измени во правилото за “патување” (чекори) кое ќе ги израмни правилата во ФИБА и НБА по истата дисциплина.

 

Со цел да се има светски-прифатено правило за “патување” кое подобро ќе ја отсликува играта на теренот (а и помага играта да биде поатрактивна за гледање), ФИБА од октомври ќе ги прифати измените на правилото по примерот на НБА лигата.

Новото правило гласи:

  • Кога играчот има една нога на подот додека ја фаќа топката, нема таа нога да се смета како “пивот-нога” туку следниот чекор се брои како чекор бр. 1 и таа нога автоматски станува “пивот-нога”.

 

Токму ова правило беше најмногу критикувано од интернационалната публиката заради тоа што го скратува уживањето во кошаркарската игра.