(Фото) Новите дресови на Барса: Првиот чуден, вториот како од Сити, а третиот како од Рома


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Каталонските медиуми открија како ќе изгледаат новите дресови на Барселона за следната сезона.

Каталонскиот весник „Sport“ денеска на својата веб страница го објави новиот дизајн на дресовите на Барселона со кои ќе настапуваат следната сезона со натпис на новиот спонзор, од јапонската компанија „Rakuten“.

Првиот дрес ќе биде малку чуден, овој пат во познатите линии од виолетово-сина боја нема да бидат еднакви, туку во различни ширини, додека вториот потсетува на дресот на Манчестер Сити.

Третиот дрес ќе биде потполно темно црвен, многу сличен на дресот на Рома.