(Фото) Прогласен за предавник: Заха ја остави Англија без текст


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Фудбалерот на Кристал Палас, Вилфред Заха одигра два пријателски натпревари во дресот на репрезентацијата на Англија.

    Овој 24-годишен крилен напаѓач дебитираше за Англија во 2012. година во пријателскиот натпревар против Шведска, а неодамна го запиша и вториот настап против Шкотска. Сепак, Заха вчера ја шокира англиската јавност кога објави дека сака да го промени своето спортско државјанство.

    Имено, играчот на Кристал Палас одлучи во иднина да игра за Брегот на Слоновата Коска, земјата во која е роден неговиот татко. Заха веќе потпишал потврда за промена на спортското државјанство и сега се чека одговор од ФИФА.

    Овој потег ги разочара љубителите на фудбалот во Англија, кои биле изненадени од одлуката на Заха. Многумина му порачаа дека веднаш требало да игра за Брегот на Слоновата Коска, а не на ваков начин да ја предаде земјата која му го овозможи ова.