Франкфурт ја падна на колена Борусија Дортмунд, Волфсбург ремизираше


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Пет натпревари се одиграа од дванаесетото коло од Бундеслигата.

    Фудбалерите на Франкфурт славеа со 2:1 против Борусија Дортмнунд на домашен терен. Сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме. На почетокот на второто полувреме Хушти му донесе предност на домашните. Обамејанг израмни, а две минути подоцна Сеферовиќ му ги донесе трите бода на својот тим, 2:1.

    Хамбургер и Вердер Бремен ги поделија бодовите, 2:2. После три минути игра, Грегорич погоди за водство на Хамбургер. Бартелс го израмни резултатот неколку минути подоцна. Грегорич по втор пат се запиша во листата на стрелци и го врати водството на Хамбургер. Во финишот на првото полувреме Гнабри го израмни резултатот и на крајот тоа беа и конечните 2:2.

    Волфсбург успеа да избегне пораз од Инголштадт на гости. Хартман во 18-та минута промаши пенал за водство на Инголштадт. Јунг во првото полувреме ги израдува домашните навивачи. Во 78-ма минута Калигури погоди за израмнување и бод за Волфсбург, 1:1.

    Менхенгладбах и Хофенхајм ги поделија бодовите, 1:1. Дахуд погоди во првото полувреме за водство на Борусија Менхенгладбах. Резервата Амири по влегувањето на терен израмни, 1:1.

    Келн и Аугсбург одиграа без погодоци.