Французите ја корегираат неправдата кон Балотели!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Судејќи по се, црвениот картон кој Супермарио го доби синоќа против Лориен ќе биде прогласен за неважечки.

    Марио Балотели и денеска е на насловните страници во спортските медиуми ширум Европа.

    Две причини за тоа: Прво што на пред пет минути пред крајот го постигна победоносниот гол за Ница против Лориен на Алијанц Ривиера со што ја врати екипата на Лисијен Фабре на чело на табелата од Лига 1, а втората е црвениот картон кој го доби во судиското продолжение.

    Меѓутоа, одлуката на главниот арбитар Туал на тој меч да го ипрати во соблекувалната пред време беше престрога и поради тоа неправдата ќе биде исправена.

    Имено, Балотели првиот жолт картон го доби поради соблекување на дресот при прославување на голот и по правилата на фудбалската игра таа одлука на судијата не е ни малку спорна.

    Спорна е таа неколку минути подоцна кога десниот бек на Лориен Стивен Мореира влезе во Супермарио во фацата со јасна намера да го испровоцира, а иако немирниот Италијанец воопшто на тоа не реагираше, судијата Оливие Туал на двајцата покажа јавна опомена.

    Поради вториот жолт картон кој го покажа Балотели, судијата Туал е оценет со негативна оценка, а судејќи според се на Балотели црвениот картон ќе биде прогласен за неважечки, и тој нема да мора да се соочува со суспензија и ќе биде во конкуренција за наредниот првенствен натпревар на Ница против Лион, кој се игра на средината на октомври.