Фудбалот повеќе не е за тебе – Оди во пензија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Нова повреда на Абу Диаби.

    Стаклениот човек е повторно во акција. Веројатно ниту самиот Абу Диаби не сонуваше на почетокот дека повредите ќе му ја уништат кариерата.

    Новата повреда ќе го одвои неколку месеци од теренот. Искусниот фудбалер на Марсеј мора на операција, а според првите проценки на терен ќе се врати за околу 4 месеци.

    Откако стигна минатото лето во Марсеј, Диаби одигра само пет натпревари во Лига 1. Повредите почнаа од лизгачкиот старт на Дин Смит од Сандерленд кој не беше нежен.

    „Неколку недели Абу Диаби има проблем со зглобот на десната нога. Бидејќи проблемот е константен и не може да тренира, медицинскиот тим процени дека потребна му е операција“, соопштија од Марсеј.

    Абу Даби одигра 150 натпревари за Арсенал пред да стигнат моменталните лоши моменти за него. Можеби навистина е време за пензија после овој малер.