Хамилтон на пол позиција, Розберг зад него во Абу Даби

    На денешните квалификации во Абу Даби победи возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

    Хамилтон постави најбрзо време на квалификациите во Абу Даби. Неговиот клупски колега и лидерот во генералниот пласман, Нико Розберг заврши втор. Даниел Рикиардо ќе стартува од третата позиција. Двата возачи на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Ветел завршија на четвртата и петата позиција. Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ќе стартува од шестата позиција. Во топ 10 завршија и Нико Хулкенберг, Серџо Перез, Фернандо Алонсо и Фелипе Маса.

    После првата квалификациска сесија испаднаа Квјат, Магнусен, Наср, Окон, Сајнц и Ериксон. Ботас, Батон, Гутиерез, Грожан, Палмер и Верлејн испаднаа во втората квалификациска сесија.

    Последната трка оваа сезона е на програмата од 14:00, а за титула ќе се борат Нико Розберг и Луис Хамилтон.