Хари Кејн ја заврши сезоната?!

Лоша вест за екипата на Тотенхем.

Најдобриот стрелец на Тотенхем Хари Кејн можеби ја заврши сезоната после повредата која ја доживеа на денешниот меч против Милвол.

Тотенхем со победа од 6:0 се пласира во полуфиналето на ФА Куп, но остана и без најдобриот играч поради тоа што Кејн го напушти теренот на самиот старт.

Кејн заработи повреда на членот, а според првите прогнози, ја обнови повредата од раниот дел од оваа сезона кога беше надвор од теренот два месеци.

„Во прашање е истиот чкен кој го повреди и на мечот со Сандерленд. Ќе мораме да сочекаме детален преглед па ќе видиме. Делува дека е во прашање истата повреда и засега знаеме дека сигурно нема да биде спремен за дуелот со Саутемптон“, рече Покетино.

Кејн е прв стрелец на Премиер лигата со 19 голови, а исто толку даде и Ромелу Лукаку.