Хари Кејн ја напушти репрезентацијата на Англија


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Англиските медиуми потврдија денеска дека Хари Кејн ја напушти репрезентацијата на Англија, и се врати во Лондон.

    Оваа информација ги заплаши навивачите на Тотенхем кои одма помислија дека Кејн се повреди, но тоа не беше случај.

    Од репрезентацијата на Англија потврдија дека Кејн нема да игра на пријателскиот меч против Шпанија, и дека се врати во Лондон.

    Кејн веќе утре ќе се приклучи на тренинзите на Тотенхем, со цел да биде спремен за наредниот меч против Вест Хем.

    Медиумите на Островот и понатака не знаат поради што Кејн се врати во Лондон.

    Се шпекулира дека напаѓачот од Тотенхем побарал од селекторот да не го игра мечот против Шпанија бидејќи сака да се подготви за важните мечеви кои го очекуваат во дресот на лондонскиот клуб.