До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Хавиер Ернандес блеска во оваа сезона во дресот на Баер и на мета е на бројни клубови. Во текот на летото се споменуваше како можно засилување на Арсенал, а најновите вести тврдат дека е на чекор од враќање во Примера каде што играше за Реал Мадрид.
Преговорите меѓу Аптекарите и Валенсија се во тек околу одличниот напаѓач, кој има откупна клаузула од 45 милиони евра.
Слепите Лилјаци се одлучни во намерата да го доведат одличниот Мексиканец во своите редови, и ги спремија тие пари со цел да го напушти Леверкузен.
Поранешниот тренер на Фиорентина и стратегот на Италија Чезаре Прандели неодамна го презеде клубот од Местаља, и на челниците ја соопшти листата на желби.
Токму Чичарито е на самиот врв, и ќе биде интересно да се види дали ќе успеат во намерата да го убедат да се пресели во Шпанија.
https://www.youtube.com/watch?v=XAEnLRMIc3w
Да потсетиме, Ернандес настапуваше за Манчестер Јунајтед, кој прелесно се откажа од него.















