Хет-трик на Меси и уништување на Сити, шестка за Лудогорец од Арсенал, Баерн и ПСЖ лесно до три бода


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Вечерва се одиграа преостанатите осум натпревари од групната фаза од третото коло во ЛШ.

    Арсенал на Емирати го испрати Лудогорец во Бугарија со шест парчиња, 6:0. Санчез и Волкот беа стрелци за топчиите во првото полувреме. На стартот на вториот дел Чемберлејн го постигна третиот погодок за Арсенал, а до крајот на натпреварот хет-трик направи Месут Озил за конечни 6:0. На дербито кое се одигра на Камп Ноу, Барселона славеше против Манчестер Сити со 4:0. Хет-трикот на Лионел Меси и погодокот на Нејмар беше доволен за голема победа. Во овој натпревар Клаудио Браво и Жереми Матје добија црвени картони, а Нејмар промаши пенал. На Алијанц Арена видовме голема победа на Баерн Минхен против ПСВ, 4:1. Милер, Кимих, Левандовски и Робен беа стрелци за победа на баварците. Менхенгладбах со погодоците на Штиндл и Хан во второто полувреме славеше во Шкотска против Селтик, 0:2.

    Бенфика ја оствари првата победа во групната фаза оваа сезона во ЛШ и тоа на гостувањето во Киев против Динамо 0:2. Салвио од пенал и Черви му ја донесоја победата на португалскиот клуб. Јаник Фереира Караско му донесе нови три бода на Атлетико Мадрид. Јорганџиите славеа минимално против Ростов во Русија, 0:1. Сензација во Неапол, Бешикташ со 2:3 го совлада Наполи. Абубакар беше човекот на одлука на натпреварот. ПСЖ ја нанижа втората победа по ред во групната фаза, а денес жртвата беше Базел, 3:0. Ди Марија, Лукас и Кавани од пенал беа стрелци за погодоците на парижаните.