Хорфорд откри како го убедил Хејворд да потпише со Бостон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На почетокот на месецов Бостон Селтикс успеаја да ја потпишат 27-годишната ѕвезда Гордон Хејворд, кој лани настапуваше за тимот на Јута Џез. По неколкунеделен молк неговиот нов колега Ал Хорфорд проговори за начинот на кој го убедувал Хејворд да потпише со тимот на Селтикс.

 

“Тој прави сѐ за да победи и затоа оваа одлука беше лесна за него. Не велам дека немаше да победува со Јута Џез, но тој сметаше дека со Бостон ќе има шанса да направи нешто специјално. Имам само почит за таквата одлука во која фрли сѐ настрана: финансиската стабилност, навивачите, доскорашниот дом и реши да дојде во Бостон каде му се нуди шанса да се бори за шампионски титули. Тоа само зборува за него како личност.” – рече Хорфорд.

 

Бостон и Хејворд на крајот на минатата сезона беа на истата страница бидејќи и двете страни ја имаа својата најуспешна сезона во последните неколку години. Хејворд беше и најдобриот стрелец на тимот од Јута.

 

Бостон Селтикс претходната регуларна сезона ја заврши како прв тим на Истокот и оваа сезона одат во нов поход кон финалето.