Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер, Чаби Алонсо веќе зачекори кон крајот на играчките години.
Одличниот играч на Баерн Минхен на стартот од оваа сезона игра на високо ниво и често се запишува во листата на стрелци, но свесен е дека полека се ближи крајот на неговата блескава кариера.
Алонсо веќе има 34 години и сака во пензија да оди од некој голем клуб. Не сака да си замине во некој егзотични краеви во потрага по дополнителни пари, а кариерата сака да ја заврши во клубот каде што е сега.
„Мислам дека Баерн ќе биде последниот клуб во мојата кариера. Додека телото и умот ми служат, сакам да играм на највисоко ниво. За мене не постои веќе ниту еден чекор во сениорскиот фудбал. Можеби би заминал во Италија, но немам повеќе време. Својата кариера сакам да ја завршам во Минхен“, изјави Алонсо.
Чаби Алонсо пред Баерн играше за Ливерпул, Реал Мадрид, Еибар и Реал Сосиедад.