Чави господски ја затна устата на Роналдо, што сега ќе каже Португалецот?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Јавната расправа која почна пред неколку недели доби нова епизода.

    Се почна така што Чави јасно рече дека Роналдо не може да се споредува со Меси кој е најдобар на светот и меѓу најдобрите на сите времиња, на што Португалецот одговори.

    „Чави игра таму некаде, во некој Катар или било каде и сака да излезе на насловните страници зборувајќи за мене. Јас не сум доволно добар играч?! Јас имам три Златни топки, колку ги има Чави?“, беше реакцијата на Роналдо.

    Чави вечерва во друштво на својот поранешен соиграч Карлос Пујол беше гостин на собирот на амбасадорите на шпанска Примера кога повторно бееш запрашан за Роналдо.

    „Видов дека не ги прифати баш најдобро моите зборови, но моето мислење не се промени. Тоа што тој рече за мене и Златната топка е истотака вистина. Моето мислење не се менува и го омаловажував Роналдо. А дали тој ме  омаложуваше мене, што  мислите?“ ги запраша Чави присутните новинари.

    Тој истотака се наврати на доделувањето на Златната топка во година.

    „Ако се одлучува по освоените титули, Роналдо ќе биде фаворит, но и понатака ќе бидам за Меси“, заклучи Чави.