До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во рамките на 11 коло на бразилското првенство, Чапекоенсе требаше да игра против Атлетико Минеиро но тој натпревар нема да биде одигран.
Причина за тоа е одлуката на челниците и фудбалерите на Атлетико, кои од човекови причини не сакаат да настапуваат против клуб кој пред неколку дена поради пад на авион останаа без 19 фудбалери и речиси комплетен клупски персонал.
„Ние веруваме во спортот и ја почитуваме нивната болка. Нема шанси дека ќе ги натераме нашите играчи да го одиграат овој натпревар“, порачаа од Минеиро.
И покрај големата трагедија, од Бразилскиот фудбалски сојуз тврдат дека натпреварот меѓу двата клуба треба да биде одигран, со образложение дека Чапекоенсе ќе ги врати повредените играчи и дека треба шанса да добијат јуниорите.
Натпреварот Атлетико и Чапекоенсе требаше да се одигра на 11 декември, а доколку тимот од Минеиро остана при својот став, тој ќе биде регистриран со резултат 3:0 за клубот кој претрпе невидена трагедија.















