Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на Челзи летово прими неколку удари откако беа одбиени за трансферите на Алекс Сандро, Алексис Санчез и Фернандо Љоренте. Но изгледа не е сѐ така црно на Стемфорд Бриџ.
Имено, Челзи и Торино се договориле за трансфер на 25-годишниот десен бек Давиде Запакоста, кој доколку го прифати договорот кој го нуди Челзи, ќе се пресели во тимот од Лондон уште од утре.
Челзи понудиле 25 милиони евра + бонуси за офанзивниот десен бек на Торино. Англискиот шампион подолго време бараше играч на таа позиција бидејќи во клубот нема класичен десен бек а на таа позиција принудно игра Виктор Мосес.
Давиде Запакоста беше одличен во минатата сезона, а беше дури и награден од селекторот на Италија со четири настапи за најсилната селекција на италијаните.