До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Челси денеска и официјално заврши голема работа.
Како што е потврдено на сајтот на клубот, Челси потпиша повеќегодишна соработка со компанијата на Најк и од сега таа ќе ги дизајнира дресовите на лондонскиот тим.
Договорот е потпишан на 15 години, а во тој период, Челси од оваа компанија ќе инкасира речиси милијарда евра!
Ова е најголем спонзорски договор во историјата на клубот, а соработката официјално ќе започне од наредната сезона, 2017/18.
Челси од Најки доби далеку подобри услови од сегашниот спонзор Адидас, со кои е раскината соработката шест години порано, поради што лондонскиот клуб ќе мора да плати 44 милиони евра.
Од друга, од Адидас Челси ќе добие “само“ 30 милиони евра, а Сините беа загрижени бидејќи компанијата повеќе внимание, освен на Јунајтед, посветува на Реал, Баерн и Јувентус кои се сепак многу поголеми клубови.
Поради тоа договорот со Адидас е раскинат шест години пред истекот на рокот, со со взаемна согласност.
„Најк ги дуплираше примањата на Челси, сега договорот вреди 60 милиони фунти и потпишан на 15 години.
Со други зборови, Сините до 2031 година, на овој начин ќе направат профит повеќе од милијарда евра.
Ова го стави Челси рамо до рамо со Јунајтед, ние сега имаат дупло подобар договор од Јујнајтед, кои од Пума земаат околу 30 милиони фунти годишно и пет пати подобар договор од Сити кои се на само 12 милиони по сезони од Најк.
Тоа е многу подобар договор и од Ливерпул кој има повеќе навивачи ширум светот, кои од Њу Баланс земаат 25 милиони фунти годишно.
Да речеме дека ова ќе ги олесни маките на Челси кој изгуби околу 50 милиони фунти поради неиграњето во Европа, но дел е надоместен со новиот договор околу ТВ права.
Тие не мораат да се грижат околу финансирањето, но и финансискиот фер плеј и поклрај силното вложување во оваа сезона.
УЕФА смета на последните три години, Челси заработи доволно да остане под радарот.
„Ова е неверојатно возбудлив и важен договор за клубот. Како што е Челси, така и Најки е познат во целиот свет поради своите подруги и иновативни дизајнирања и оптимистични сме поради нашата соработка. Веруваме дека Најки ќе не поддржат на своите полиња и ќе помогнат на Челси да расте на фудбалскиот пазар“, рече директорката на Челси Марина Грановскаја.















