До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тибо Куртоа во оваа сезона блеска на голот на лондонскиот Челси.
Белгиецот има одлична сезона, блеска меѓу стативите, што на голот на Челси, што на голот на репрезентацијата, што повторно се доведува во врска со Реал Мадрид, со кој веќе порано се поврзуваше.
Во едно интервју Куртоа сепак се одлучи да каже што мисли за интересот на Кралевите и колку е реално да се очекува негов трансфер во Реал Мадрид:
„Дали преговарав со Реал? Не прочитав се, но не сум разговарал со луѓето од Реал. Јас моментално сум во голем клуб и нема никакви причини нешто да менувам“, рече Куртоа, па додаде:
„Нормално, никогаш не знаете што иднината донесува, но засега сум голман на Челси и друго ништо не е важно“.














