Челси подобар во лондонското дерби – Педро и Мозес за останување на лидерската позиција


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Челси славеа на Стемфорд Бриџ со 2:1 против Тотенхем во натпревар од тринаесетото коло од ПЛ.

    После единаесет минути игра на Стемфорд Бриџ, Кристијан Ериксен постигна фантастичен погодок за водство на Тотенхем. Следуваа напади од Тотенхем, но Тибо Куртоа беше фантастичен на голот на сините. Во финишот на првото полувреме шпанскиот фудбалер, Педро го израмни резултатот. Во 51-ва минута Виктор Мозес ги израдува домашните навивачи по втор пат на асистенција на Диего Коста. Стрелецот на првиот погодок, Кристијан Ериксен шутираше катастрофално од блиску. Челси на крајот славеше со 2:1 против Тотенхем.

     

    Челси во следното коло гостува на Итихад против Манчестер Сити, а Тотенхем на домашен терен ќе го пречека Свонси.