Чембрлен го напушта Арсенал: Англичанецот се сели во Шпанија?


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Фудбалерот на Арсенал, Алекс Окслејд-Чембрлен во јануари најверојатно ќе ги напушти редовите на тимот од Лондон.

    Окслејд-Чембрлен оваа сезона нема многу простор за игра, а Арсен Венгер најчесто го остава на клупата за резервни играчи. Англискиот репрезентативец на управата на клубот јасно им порачал дека сака да игра, и дека сериозно размислува во јануари да побара нов клуб.

    Според пишувањата на медиумите на Островот, Окслејд-Чембрлен во јануари ќе оди на позајмица, а до крајот на сезоната најверојатно ќе игра во Шпанија. Интерес за овој играч веќе покажаа Севиља и Валенсија.

    Сеуште не е познато дали Арсенал ќе се согласи во договорот да стои опција за купување на играчот по истекот на позајмицата. Навивачите на лондонската екипа се надеваат дека Венгер нема да се откаже уште од еден играч на школата на Арсенал.