До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јамајкчанецот Усеин Болт веќе долго време има желба да заигра за Манчестер Јунајтед.
Најбрзиот човек на светот никогаш не ја криеше својата љубов кон фудбалот, меѓутоа сега отиде чекор напред.
Смета дека неговите фудбалски вештини се доволно добри да може да заигра во една од најсилните лиги на светот.
„Не ми е важно името на клубот, не мора да биде баш од Англија. Сакам да се пробам како фудбалер, да добијам шанса да видам каде сум. Тоа ќе ме воодушеви“, рече Болт за влијателниот Л Екип и потоа додаде:
„Често гледам фудбалски натпревари и некои од играчите не се толку добри како мене. Ќе морам да организирам некој вид на тест на моите вештини“, рече самоуверенои сопственикот на десет златни олимписки медали.
Сепак, не е тајна дека Болт мечтае за Манчестер Јунајтед.
„Кога би ме повикале од Олд Трафорд се би прекинал и би седнал во првиот авион за Англија. Верувам во Мурињо, тој препознава таленти. Тој да рече: Усеин…“, додаде Јамајкчанецот низ смеа.
Болт на Манчестер Јунајтед се нудеше и додека тренер беше Алекс Фергусон.















