До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Хавиер Чичарито, Ернандес добредојде во Реал Мадрид.
Така тврдат членовите на раководството на Лос Бланкоси Сантиаго Агуадо и Мануел Церезо.
Сметаат дека Мексиканецот не покажа се што знае и дека со драга воља сакаат повторно да го видат во дресот на Кралевите.
„Би сакал да го видам повторно во Реал. Го сметам за одличен играч“, рече Агуадо, додека Церезо додаде:
„Чичарито не успеа да се наметне. Потребно е време, а во Мадрид тоа не се случува преку ноќ. Отиде во Баер, но секогаш е добредојден во Реал“.
Ернандес за Кралевите одигра 33 натпревари во сезоната 2014/15, а постигна девет погодоци.















