Чудни вести доаѓаат од Островот: Италијанецот нов селектор на Англија?


    Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


    Италијанскиот менаџер Роберто Манчини е фаворит за превземањето на фудбалската репрезентација на Англија, откако местото остана празно поради корупцискиот скандал на Сем Алардајс.

    Според медиумите на островот, Манчини бил повикан да присуствува на вчерашниот натпревар помеѓу Англија и Малта кој се одигра на „Вембли“, а со оваа прилика тој имал и разговори со претставниците на сојузот.

    Манчини последно имаше ангажман во Интер кој си замина во август, а на Островот веќе ја има водено екипата на Манчестер Сити со кого освои и шампионска титула, прва за граѓаните по 44 години.

    Манчини би бил втор Италијанец на клупата на Англичаните, по Фабио Капело.