Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Марија Шарапова и беше доделена вајлд-карта за овогодинешниот УС Опен и токму таму ќе биде нејзиниот прв меч по 15-месечната суспензија која ја доби откако се дозна дека била позитивна на допинг.
Тениската Асоцијација на САД ја објави својата одлука да и додели вајлд-карта на Шарапова денеска.
“Марија (Шарапова) ја одлежа својата суспензија под условите и правилата на анти-допинг програмата и затоа тоа не беше еден од факторите кои ги земавме во предвид кога одлучувавме кој ќе добие вајлд-карта. Како и во неколку претходни случаи, сметавме дека е единствено правилно да ја доделиме вајлд-картата на поранешен шампион на УС Опен бидејќи таа не беше во можност да се квалификува преку вообичаените прописи. Шарапова исто така се согласи да одржи говор пред група млади тенисерки за да им објасни колку е важна анти-допинг програмата за развој на спортот.” – стоеше во формалната изјава.
Марија Шарапова беше шампион на УС Опен во 2006 година а моментално е рангирана на 148 место на ВТА ранг-листата, што самото по себе не и дозволува да се квалификува на турнирот по регуларен пат.