Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал го победи бразилецот Диего Шварцман во четвртфиналето на АТП турнирот во Монте Карло со 0:2 во сетови.
Лошо го изигра првиот гем Надал во кој сервираше и не доби ниту еден поен. Шпанецот во вториот гем ја искористи втората брејк топка и израмни, 1:1. Рафа во четвртиот гем повторно направи брејк, 1:3. Шварцман се врати во натпреварот во седмиот гем кога ја искористи втората брејк шанса, 3:4. Во десетиот гем Надал ја искористи единствената сет топка за добивање на првиот сет, 4:6.
Во вториот гем од вториот сет Надал успеа да направи брејк, 0:2. Аргентинецот брзо се врати во натпреварот и во следниот гем му дозволи на шпанецот да освои само еден поен, 1:2. Шварцман во петиот гем не му дозволи на Надал кој сервираше да добие поен, 3:2. Осмиот гем донесе израмнување на резултатот кога Шварцман на свој сервис не освои ниту еден поен, 4:4. Шварцман и во десетиот гем не освои поен, па Надал победи, 4:6.
Рафаел Надал во полуфиналето на АТП турнирот во Монте Карло ќе игра против белгиецот Давид Гофан кој во три сета го победи Новак Ѓоковиќ. Другиот полуфинален пар е Алберт Рамос Вињолас – Лукас Пулие.