До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Можеби во ова лежи причината за нивните лоши игри во Премиерлигата?
Марез и Варди, веруваме дека сте имале голема дилема во претходната сезона кој од нив двајцата може да биде најдобар играч во Премиерлигата.
Едниот беше исклучително креативен, одличен дриблер, другиот фантастичен и многу брз напаѓач.
Двајцата правеа ненормални проблеми на противничките одбрани, не се знаеше од кого се заканува најголема опаност.
Сепак, нивната форма не траеше повеќе од година дена.
Сепак се во големи проблеми во новата сезона, а се вас ќе ви каже еден податок.
Имено, во последните седум натпревари Ријад Марез успеа да упати ЕДЕН ТОЧЕН ПАС кон Џејми Варди во Премиерлигата.
Само да потсетиме, во минатата година Варди во ова време го достигна рекордот на Ван Нистелрој.















