Шрудер го падна шампионот на колена, Далас ја прекина победничката серија на Лејкерс


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Шест натпревари се одиграа синоќа во НБА.

    Шампионот, Кливленд Кавалирс за прв пат оваа сезона беше поразен. Атланта Хокс го совлада Кливленд со 106:110. Денис Шрудер со 28 поени ја предводеше Атланта до победа. Кент Бејзмор додаде 25 поени, а Пол Милсап 21 поен. Кај домашните Кајри Ирвинг го заврши натпреварот со 29 поени. Кевин Лав имаше дабл-дабл, 24 поени и 12 скока, а Леброн Џејмс постигна 23 поени.

    Портланд во интересен натпревар го совлада Феникс со 124:121. До петата победа оваа сезона Треилблејзерси беа предводени од тандемот Лилард – МекКолум. Лилард постигна 38 поени, а МекКолум на своето конто запиша 33 поени. Првото име кај Санс беше Бледсо кој постигна 31 поен.

    Бруклин Нетс на домашен терен ја совлада Минесота Тимбервулвс со 119:110. Брук Лопез со 26 поени беше најефикасен во тимот на Нетс. Ниту 36-те поени на Вигинс не му помогнаа на Минесота да слави во синоќешниот натпревар.

    Со кошот на Гасол во последните секунди од натпреварот, Мемфис Гризлис го совлада Денвер Нагетс со 108:107. Картер и Гасол беа оние што го предводеа Мемфис до победа. Картер постигна 20 поени, а Гасол натпреварот го заврши со 19 поени. Кај Денвер најмногу се истакна Мудиеј со 23 поени.

    Далас Маверикс ја запре победничката низа на Лос Анџелес Лејкерс, 109:97. Харисон Барнс го предводеше Далас до победа со 31 поен. Сет Кари додаде 23 поени. Најефикасен кај Лејкерс беше Кларксон со 22 поени.

    Њу Орлеанс Пеликанс ја продолжија серијата на порази во НБА. Синоќа беа поразени од Сакраменто Кингс со 102:94. Демаркус Казнс го заврши натпреварот како најефикасен во тимот на Сакраменто со 28 поени. Кај Пеликанс најмногу се истакна Ентони Дејвис со 34 поени.