До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона беше навистина поприлично расположена за трошење во минатото лето, и неколку скапоцени засилувања стигнаа на Ноу Камп.
Сепак, со право се поставува прашањето дали ги оправдаа очекувањата?
Имено, шпанскиот весник АС пресмета дека шестмината новајлии на Барселона одиграа 1983 минути без постигнат гол.
Во вкупна сума, 90 минути припаднаа на голманот Силесен, на кого постигнувањето на погодоци секако не е задача.
Тука се и двајца дефанзивци, Лукас Диње и Самуел Умтити, додека во средниот ред Андре Гомеш и Денис Суарез.
Покрај се тоа, Пако Алкасер стигна од Валенсија како големо засилување во нападот, но мрежата за младиот фудбалер сеуште е маѓепсана.
Јаспер Силесен (90 минути)
Самуел Умтити (431)
Лукас Диње (408)
Андре Гомеш (417)
Денис Суарез (413)
Пако Алкасер (224)















