Ѓоковиќ со порака ги воодушеви фановите: Бев збунет и заглавен, а резултати немаше …


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со освојувањето на Вимболдон и УС Опен, Новак Ѓоковиќ се врати на врвот и ја израдува својата армија на фанови. Ѓоковиќ имаше многу проблеми изминатиот период, не му одеше, но се врати појак од било кога.

За краток период ги докажа своите несомнени квалитети, а сега преку Инстаграм објави порака која ќе воодушеви многумина.

Тој појасни дека зборот ,,неверојатно” не постои за него.

,,Пред да ги споделам со вас најдлабоките мисли, сакам да ви се заблагодарам за љубовта и подршката во тешките моменти, но и во овие убави. Тоа ми значи многу, бидејќи знам дека не е лесно да бидете со мене и кога работите не се јасни. Ви благодарам”- напиша Ѓоковиќ и притоа додаде:

,,Ние често го користеме зборот неверојатно да опишеме големо достигнување, И овој збор некако се преобразува во она што е успехот и го прави уште поголем. Вербата во себе, во своите способност, силата и упорност. Бев заглавен во некои точки и преплавен со премногу информации. А резултати немаше. Сите нудеа свое мислење и совет што да работам и што ми се случува, а не можам да кажам дека не ги слушав.
Ги слушав. Повремено бев збунет. Но една работа ме држеше, ме тераше да продолжам понатаму, да верувам во себе , своите способност, вештини, талент и отпорност. Веројатно јас сум створен за ова.
Најголема поука од овие изминати месеци е дека неверојатното не постои.Граници не постојат. Кога тоа го сфаќаш, можеш да успееш во животот. Кога ќе ја покажете својата храброст, самодоверба и верба, веќе сте победник без оглед на резултатот. Вашиот карактер преовладува и градите свои навики и вашите навики ве доведуваат чекор поблиску до вашите цели. Потоа, драги пријатели, прифатете ги неволјите и верувајте во силата на вербата. Може да ве одведи вас било каде”- напиша Ѓоковиќ со заедничка фотографија од својот тим.