„Јас нема да ја освојам Златната топка, ќе ја освои Роналдо“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Францускиот фудбалер Антоан Гризман се надева дека сепак ќе ја освои Златната топка, награда за најдобар фудбалер на светот.

    Меѓутоа, напаѓачот на Атлетико верува дека Кристијано Роналдо е голем фаворит и дека тој повторно ќе ја добие наградата.

    „Јас нема да ја освојам Златната топка во оваа година, ќе ја освои Роналдо. Тој е најдобар во оваа сезона од сите“, рече Гризман, кој сепак се надева дека наградата може да ја добие токму тој.

    „За среќа, постојат и други критериуми освен индивидуалните настапи. Така што верувам дека постојат шанси да ја освојам Златната топка. Не се откажав“, рече францускиот напаѓач.

    Гризнам во оваа сезона постигна шест гола со пет асистенции.