Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Комплетирано и 5тото коло во Серија А.
Откако вчера колото го отвори Милан со победа од 2:0 над Лацио, денеска на програмата беа 9 натпревари.
Најпрвин во 18:30 Болоња со 2:0 ја совлада Сампдорија. Во 45тата Симоне Верди постигна феноменален гол за водство на Болоња, а во 50тата, Матија Дестро го постигна конечниот погодок за 2:0 и за трета победа на Болоња оваа сезона.
Од 20:45, на Олимпико во Рим, во престолнината на Италија, Рома ги пречекува новите во Серија А, Кртоне. Апсолутен фаворит беше „волчицата„ тоа и го оправда секако, славеа убедливо со 4:0. Првиот гол во 26тата минута го постигна Ел Шарави, а 10 минути подоцна стрелаше и Салах. Во 48мата Тоти му асистираше на Џеко за 3:0, а во 57мата повторно Џеко ја тресеше мрежата на Кордаз но асистент овој пат му беше Салах.
Во Бергамо, Аталанта го пречека Палермо, каде што тимот од Сицилија со гол во 90тата минута токму на нашиот Илија Несторовски славеше со 0:1 и однесе 3 бода на Сицилија. Ова е негов втор гол оваа сезона во Серија А.
Во Верона каде Киево го пречека Сасуоло резултатот беше решен уште во првото полувреме. Во 21вата Ригони стрелаше за 1:0 за Киево, но само 6 минути подоцна Дефрел изедначи за Сасуоло. Кастро на 5 минути пред крајот на полувреме постигна погодок за 2:1 за Киево и победа.
Во Емполи Интер со 2 гола на Икарди во 10тата и 17тата минута ја заработи третата победа во низа во Серија А оваа сезона.
Во Џенова играа Џенова и Наполи, но доста мирно и без тресење на мрежите. Пандев не влезе во игра за Џенова.
Во Пескара исто мирно, без голови но со 2 црвени картони на Торино.
Јувентус ја орпавда улогата апсолутен фаворит против Каљари. Стрелци беа Ругани во 14, Игуаин во 34 и Алвеш во 39тата. А во второто полувреме Цепетели си постигна автогол 5 минути пред крајот.
Во Удине жешко, но сепак реми. 2:2. Стрелци за Удинезе беа Запата и Данило во 26тата односно 45тата. Додека за Фиорентина стрелааа Бабакар во 30тата и Бернадески во 52рата минута.