Јувентус на колена од синот на Симеоне, Аталанта ја продолжи серијата на победи


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Уште четири натпревари се одиграа од четринаесетото коло од Серија А.

    Аталанта славеше против Болоња со 0:2 и ја продолжи победничката серија. Масиело во првото полувреме погоди за водство на Аталанта, а Куртиќ во 68-ма минута ги постави коенчните 0:2.

    Каљари славеше на домашен терен против Удинезе со 2:1. Фариас од пенал му донесе водство на домашните. На почетокот на второто полувреме Фофана израмни, а осум минути подоцна Сау стрелаше за победа на Каљари.

    Кротоне и Сампдорија ги поделија бодовите, 1:1. Фалчинели во првото полувреме ги израдува домашните навивачи. Резервата Фернандес со својот погодок му донесе бод на Сампдорија.

    Сензацијата на денот ја видовме на Луиџи Ферара каде Џенова го декласира Јувентус со 3:1. После три минути игра синот на Диего Симеоне, Џовани погоди за водство на домашните. Истиот фудбалер десет минути подоцна по втор пат ја затресе мрежата на Јувентус. Во 29-та минута Алекс Сандро постигна автогол за 3:0. Конечните 3:1 ги постави Миралем Пјаниќ кој постигна фантастичен погодок од слободен удар.