Јуве пронајде „нов Буфон“„ во Чемпионшип?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Клубот од Торино е сведен дека Џиџи Буфон нема уште многу години од играчката кариера пред себе, соодветно со тоа, му бараат и замена.

    Феноменалниот Буфон во мечот од Лигата на шампините со Лион покажа дека е како вино, со годините е се подобар.

    Сепак, бидејќи има 38 години, јасно е дека пополека му истекува времето кога е професионалното занимавање во фудбал во прашање.

    Јуве затоа интезивно бара замена, а се чини дека сега пронајдоа во втората по квалитет натпреварување во Англија.

    Имено, се работи за голманот на Астон Вила и италијански интернационалец Пјерлуиџи Голини.

    Ова момче има 21 година, во ова лето премина во Бирмингем, а пред тоа две години ги бранеше боите на Хелас Верона.

    Во Серија А има 29 запишани настапи, додека во оваа сезона во Чемпиониш 12 пати стоеше меѓу стативите на Вила, прими 10 голови, а во четири наврати ја сочува својата мрежа.

    Бранеше многу добро, иако Астон Вила е во резултатска криза, цехот го плати Роберто Ди Матео кого го смени Стив Брус.

    Интересно е дека Голини пред Верона беше две години во младинскиот погон на Манчестер Јунајтед. Бранеше за У19, У20, и У21 репрезентацијата на Италија, се очекува за еден ден да добие повик и за А тимот.

    А во управата на Бјанконерите гледаат блескава иднина пред него, нема сомнеж дека во нивните раце ќе порасне во еден од најдобрите голмани на Европа.

    Значи, замената за Џиџи е спремна, Вила сигурно нема многу да се прашува.Најверојатно и во наредната сезона нема да игра во Премиер лигата, тешко дека можат да убедат било кој играч да остане во случај на сериозна понуда како што е од Јувентус.