До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот дефанзивец Леонардо Бонучи веќе долго време е на листата на желби на тренерот на Челси Антонио Конте.
Конте беше тренер на Бонучи во Јувентус и пробува на сите начини да ја обнови соработката со овој одличен стопер.
Сепак, управата на Јувентус досега оддолеа на понудите и повиците од Челси. Денеска англиските медиуми пренесоа информација дека Јуве ќе го продаде Конте, но дека сака пари и Сеск Фабрегас.
Поточно, сакаат 50 милиони фунти и одлични и одличниот шпански играч за врска.
Да потсетиме дека Абрамович пред неколку дена сакаше да понуди дури 85 милиони фунти за Бонучи, и дека воопшто не би било изненадување доколку прифатат на овој услов на Старата дама.















