До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Барнли игра сосема солидно на почетокот на оваа сезона и Манчестер Јунајтед сега повторно е заинтересиран за него.
На лето 2014 година Мајкл Кин стана фудбалер на Барнли, тогашниот тренер на Манчестер Јунајтед Луј Ван Гал се одлучи да го продаде.
Сепак, сега Мурињо го сака назад.
Овој 23-годишен дефанзивец може да одговори на прашањата на повеќе позиции во последната линија, а во оваа сезона е еден од најстандардните фудбалери во Барнли, одигра 11 мечеви, успеа да постигне и еден гол.
Сигурно се сеќавате и кога е повикан во репрезетнацијата на Англија од страна на Гетет Саутгејт за мечевите против Малта и Словенија поради повредата на Глен Џонсон.
Лестер го сака за 25 милиони евра, но Манчестер Јунајтед наводно е фаворит. Не е тоа се, и Челси и Ливерпул се вклучија во трката, ќе видиме кој на крајот ќе го добие.















