До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Одредена е цената, дали Јунајтед ќе прифати?
Манчестер Јунајтед сака да го доведе десниот бек на Монако – Фабињо, но за негов трансфер мораат да издвојат дури 40 милиони евра.
Жозе Мурињо нема многу избор, Антонио Валенсија му е прв избор кај десната аут линија, додека отпишаниот Матео Дармијан ќе го напушти клубот веќе во зимскиот преоден рок.
Италијанецот во оваа сезона одигра само еден меч и тоа во Лига Европа, а за него најголем интерес покажа Интер, но се споменувасше и Барселона.
Како поддршка и конкуренција на Валенсија кај десната аут линија, најверојатно ќе стигне Бразилец од Монако, но преговорите нема да бидат лесни.
Монако е свесен колку на Јунајтед е неопходен десен бек, поради што ќе ја држат цената и чекаат Англичаните да ја платат.
Како што тврди порталот Goal.com повикувајќи се на свои доверливи извори, Монако ќе биде спремен да го продаде ако добие 40 милиони евра, но трансферот нема да може да биде реализиран пред наредното лето.
Да потсетиме, Јунајтед исто толку пари даде и а Лук Шо, кој игра на позиција лев бек, но во последно време е во немилост на Жозе Мурињо.















