Џабе се парите и најскапиот фудблаер кога последниот не можат да го победат – Ален му донесе бод на Стоук


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Во првиот натпревар кој се одигра денес од ПЛ, фудбалерите на Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд одиграа нерешено против Стоук, 1:1.

    Уште на стартот домашните фудбалери притиснаа. Голманот на Стоук во втората минута имаше работа кога Ибрахимовиќ одлично шутираше. Пол Погба потоа шутираше два пати непрецизно. После 45 минути игра на Олд Трафорд резултатот беше 0:0. Во 55-та минута Де Геа го одбрани шутот на Џо Ален. Две минути после влегувањето во игра на Мартијал за младиот Лингард ја затресе мрежата на Ли Грант. По погодокот следуваше опасен шут од Златан Ибрахимовиќ на кој денес не му беше денот. Џо Ален во 83-та минута се најде на вистинското место после одбиена топка и ја затресе мрежата на Де Геа, 1:1. Најскапиот фудбалер во светот, Пол Погба во 89-та минута ја погоди пречката. Резултатот не се промени, за фудбалерите на Стоук ова е голем бод.

    За Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо ова беше прво реми, а гостите се изборија за трето реми оваа сезона.