„Абрамович ме отпушти без моја согласност“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Неделниот дуел меѓу Челси и Манчестер Јунајтед ќе биде посебен за Жозе Мурињо.

    Португалецот во дуелот од 9 коло од Премиер лигата по по прв пат ќе ја предводи екипата против својот довчерашен клуб Челси, а во најава на дуелот ќе потсетиме како го напушти лондонскиот клуб со кој тим ја освои шампионската титула.
    „Абрамович се одлучи да ме отпушти, а тоа не беше заедничка одлука. Но јас не можам да кажам ништо лошо за него. Тоа беше одлука на сопственикот на клубот за која мене само ме известија. Потпишавме документи и неговата одлука мирно ја примив“, рече Мурињо и потоа додаде:
    „Ќе ми беше тешко ако ништо не освоив со Челси. Вака бевме шампиони, а навивачите доживееја незаборавни моменти“.

    Нова тренерска работа Мурињо потоа доби во Манчесестер Јунајтед.

    „За среќа, добив шанса да водам голем клуб како што е Манчестер Јунајтед. После разделбата со Челси претстојував во Лондон, одев во теретана, гледав фудбал…Пробував да размислувам позитивно“, истакна тој.

    Под водство на Мурињо во првенството Манчестер Јунајтед ја зазема седмата позиција.