Автогол и пенал во лондонското дерби – Арсенал и Тотенхем ги поделија бодовите


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    На Емирати во натпревар од 11-то коло од ПЛ помеѓу Арсенал и Тотенхем заврши нерешено, 1:1.

    Првата поголема шанса на натпреварот ја имаше напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн кој со глава шутираше непрецизно. Следуваше закана од Ивоби на кој му беше одбранет ударот од Лорис. Во 40-та минута Тио Волкот ја погоди стативата. Две минути подоцна Клатенбург досуди слободен удар за Арсенал кој го изведе Месут Озил, а фудбалерот на Тотенхем, Кевин Вимер ја погоди својата мрежа, 1:0. Топчиите на полувреме имаа минимална предност. Дефанзивецот на Арсенал, Лорен Кошчиелни направи прекршок во казнениот простор, а Хари Кејн беше сигурен од белата точка и го израмни резултатот, 1:1. Потоа Ремзи се обиде да го врати водството на Арсенал, но шутираше над голот. Јансен во последните минути од натпреварот се закани по голот на Чех, но чешкиот голман не дозволи да биде совладан. Арсенал и Тотенхем во лондонското дерби ги поделија бодовите, 1:1.

    После денешното реми топчиите имаат еден бод негатива зад лидерот Челси, а петлите остануваат непоразени во ПЛ, 5 победи и 6 реми. Во следното коло Венгер и Арсенал гостуваат на Олд Трафорд, а Тотенхем го пречекува Вест Хем.