Агентот на Бејл имал состанок во Манчестер?


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Џонатан Барнет, агентот на крилото на Реал Мадрид, Герет Бејл на крајот од минатата недела имал состанок со претставниците на Манчестер Јунајтед, пренесува „Diario Gol“.

    Претставникот на Велшанецот преговарал со менаџерот Жозе Мурињо и извршниот директор на Јунајтед, Ед Вудвард. Бејл не се чувствува среќен на „Сантиаго Бернабе“, бидејќи е во постојана сенка на Кристијано Роналдо и од таа причина сака да го напушти Мадрид.

    Бејл побарал од раководството на Реал да има ист однос исто како и Португалецот, но тоа не се случило. Велшкиот репрезентативец премина во шпанскиот гигант во 2013 година од Тотенхем за 100 милиони евра.