До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Колумбискиот фудбалер Карлос Бака игра одлично во екипата на Милан и во оваа и во минатата сезона.
Иако во минатото лето се зборуваше за тоа дека Бака ќе го напушти Милан и ќе премине во редовите на ПСЖ, тоа на крајот не се случи.
Бака истана верен на Росонерите и повторно бележеи многу добри партии.
Неговиот агент Серхио Барила порача дека Бака е среќен во Милан, но дека се е можно.
„Карлос е моментално многу среќен во Милан, но ако дојде до вистинска понуда, работите може да се променат.
Тој е напаѓач кој во овој момент е многу драгоцен. Нормално дека веќе има многу понуди за него и ако продолжи вака тогаш ќе вреди многу повеќе од 30 милиони“, рече Барила.
Да потсетиме дека Бака во оваа сезона постигна шест голови во Серија А.















