Агуеро-Гундоган за торпедирање на ВБА, Барнли му одолеа на трошачите на пари


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Од ПЛ од десетото коло се одираа се одиграа уште пет натпревари.

    Манчестер Јунајтед во летото расфрлаше пари на скапи засилувања, но не може да го победи Барнли. Црвените ѓаволи одиграа на Олд Трафорд 0:0. Од 68-ма минута Манчестер Јунајтед остана со фудбалер помалку бидејќи црвен картон доби Андер Ерера, но резултатот до крајот не се промени.

    Мидлзбро долго чекаше на победа и денес на Риверсајд ја дочека и тоа против Борнмут, 2:0. Рамирез во првото полувреме му донесе водство на Мидлзбро, а во второто погодоци Даунинг за решавање на дилемите околу победникот на овој натпревар.

    Во дербито кое се одигра помеѓу Тотенхем и актуелниот шампион, Лестер беа поделени бодовите, 1:1. Пред крајот на првото полувреме Јансен ги израдува домашните навивачи. По три минути игра во второто полувреме Ахмед Муса го израмни резултатот. На крајот двата клуба ги поделија бодовите.

    Автоголот на Досон на Викариџ ја продолжи серијата порази на Хал. Вотфорд денес ја запиша четвртата победа оваа сезона.

    Убедлива победа на Манчестер Сити за враќање на врвот на табелата во ПЛ. На гости го совладаа ВБА со 0:4. Агуеро во првото полувреме постигна два погодоци. Погодокот за 0:3 го постигна асистентот за првиот погодок на Агуеро, Илкај Гундоган. Во 90-та минута Илкај Гундоган по втор пат се запиша во листата на стрелци и ги постави конечните 0:4. По три натпревари без победа, Пеп Гвардиола и граѓаните се радуваа.