Ако Ди Франческо стигне во Рим, доведува двајца со себе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома најверојатно ќе остане без тренер на крајот на оваа сезона, поради тоа што на Спалети истекува договорот.

Спалети најверојатно ќе ја напушти Рома, преговори околу продолжување на соработката не постојат, а се шпекулира со имињата за негов наследник.

Еден од тие кој може да го наследи Спалети во Рома е Еузебио Ди Франческо.

Сегашниот тренер на Сасуоло важи за еден од најперскективните тренери во Италија, многумина сакаат да го видат во Рома на стартот на следната сезона, но интересот е голем и од страна на други клубови.

Италијанските медиуми денеска споменуваат дека преговорите околу негов премин во Рим се во тек, а дека Ди Франческо со себе може да доведе и двајца фудбалери на Сасуоло.

Тоа се Лоренцо Пелегрини, момчето кое што беше член на Рома, но кого имаат право да го доведат за 10 милиони евра, како и Грегоар Дефрел, фудбалер кој може да ја чини Рома околу 15 милиони евра.

Пелегрини има 20 години, игра на позиција играч за врска, додека Дефрел е напаѓач и има 25 години.