„Ако дојде вистинска понуда, Чалханоглу ќе замине“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу ќе го напушти Баер Леверкузен во ова лето доколку дојде вистинска понуда, рече неговиот агент Бекташ Демирташ.

Овој 23-годишен фудбалер не може да игра до крајот на оваа сезона поради казна на ФИФА.

Имено, тој како тинејџер имаше договор со Трабзонспор, но подоцна премина во Карслуе па потпиша и за ХСВ.

Поради кршење на договорот со турскиот клуб, ФИФА се одлучи да го суспендира овој фудбалер на четири месеци.

Во последно време често се зборуваше за тоа дека тој ќе го промени овој клуб, а по повод тоа се огласи и неговиот агент Бекташ Демирташ.

„Хакан ќе биде под договор со Леверкузен во наредните три години. Доколку дојде некоја понуда која ќе биде добра за Баер, но и за Хакан, ќе направиме трансфер. Сепак, последна е одлуката на клубот“, рече Демиртас.

Да потсетиме дека Чалханоглу во оваа сезона одигра 15 мечеви и постигна шест голови со пест асистенции.