Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веројатно и покрај добрите партии на Мундијалот, Роналдо нема да успее да го добие посакуваното покачување, а спремен е и список на алтернативи.
Роналдо дава голови, вети дека ќе зборува после мундијалот за Реал. И понатаму е лут на Перез кој го прекрши ветувањето во врска со покачувањето. Понудата платата да му биде врзана со бонуси дополнително го разлути Португалецот, кој веројатно сака да си замине на сите можни начини.
Но, Реал бара превисока оштета. ПСЖ нуди 100 милиони и Кавани, но тоа е тешка мисија.
Се чека Јунајтед, кој може да го изедначи Роналдо со Меси, но наводно Перез му рекол на Менеш, дека за Роналдо мора да се издвојат 200 милиони евра.
Во секој случак, Реал напрвил листа на евентуална замена, која не е директно поврзана со Роналдо. Асенсио ќе добие повеќе простор, а од евентуалните пари за Португалецот, Реал би можел да го доведе Тим Вернер, деветката на Германија или Маурицио Икарди кој има клаузула од110 милиони евра или на крајот да проба да го доведе Левандовски од Баерн.
Како и да е, би дошол класичен напаѓач, а Лопетеги има намеа екипата да ја оформи околу Шпанците, пред се Иско, го сака и Тијаго Алкантара, а ќе проба да го убеди и Бејл да остане.
Новиот тренер не смета дека тимот не може без Роналдо, но како што рековме тешко дека ќе се продаде поради големото обештетување кое го бара Реал.